Стјепановиќ: Се надевам дека во Добој ќе се избориме за подобар резултат! 

Екипата на Еурофарм Работник со пораз го заврши настапот на турнирот во Струга, откако во финалето беше поразена од грчкиот вицешампион, АЕК. 

Сега, пред момците на Стевче Алушовски претстојат два нови предизвици, дуелот со Вардар и меѓународниот турнир во Добој. Еден од подобрите ракометари на Еурофарм на турнирот во Струга, Невен Стјепановиќ верува дека на турнирот во Босна тимот ќе добие една целина и ќе избори за подобри резултати.

„Нè изненадија во второто полувреме со нивната одбрана. Во првиот дел одигравме добро, но десетминутниот пад во вториот дел нè чинеше пораз. Во тимот имаме неколку новајлии со кои допрва ќе треба да се воигруваме. Од овој турнир треба да извлечеме поука, да ги видиме нашите слаби страни и да ги коригираме. Нè чекаат тешки натпревари во СЕХА и Лигата на шампионите и затоа мораме во следниот период напорно да работиме. Се надеваме дека во Добој ќе забележиме подобар резултат“, рече десниот бек. 

Дуелот против Вардар, „фармацевтите“ гол играат денес со почеток од 12:00 часот, а веднаш потоа се упатуваат за Босна и Херцеговина.