ВИДЕО: Стјепановиќ против Веспрем меѓу најубавите победнички голови во СЕХА

Ќе мора да причекаме најрано до последната недела од август, за да се вратат емоциите на СЕХА лигата. Дотогаш организаторот ќе ја потсетува јавноста со најдобрите потези од сезоната и од претходните изданија.  

Голот на Невен Стјепановиќ за сензационалната победа на Еурофарм Пелистер (тогаш Еурофарм Работник) против Веспрем со 28-26, во октомври минатата година се најде во изборот за најубави победоносни голови сезонава.

  • Најубави победоносни голови оваа сезона во СЕХА лигата: 

Со оглед на тоа што Вардар уште е во натпреварувањето, останува надеж дека ќе придодаде уште некој гол во ова избрано друштво.