• Иван Димовски

Мешков Брест загуби на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер и остана без „фајнал-фор“ во СЕХА лигата. Победникот дојде по пеналите, по кои на крајот домашните ракометари се радуваа. Дарко Стевановиќ беше „виновник“ за пенал-рулетот на натпреварот, постигнувајќи „луд“ гол во последните секунди.
По мечот, ракометарот го изнесе своето размислување на средбата со новинарите.
„Сакам да им честитам на овие одлични навивачи кои создадоа неверојатна, нестварна атмосфера вечерва. Честитки за ракометарите на Еурофарм Пелистер, за нијанса повеќе ја посакуваа победата и веруваа во успех. Нам ни фалеше тој еден мал детаљ кој ќе го „прекрши“ натпреварот во наша полза“, изјави Стевановиќ.
Белорускиот тим остана без пласман на завршниот турнир, а таму Еурофарм Пелистер го очекува натпревар со Веспрем.