Степанчиќ верен на ПИК Сегед, потпиша нов договор до 2023 година

Унгарскиот ракометен гигант ПИК Сегед и во иднина ќе може да смета на услугите на еден од најдобрите хрватски ракометари, Лука Степанчиќ. 

Искусниот бек иако на маса имаше неколку понуди за нов ангажман, се реши да ја прифати онаа на унгарскиот клуб и потпиша договор на три години.  29-годишниот десен бек од Пула во ПИК Сегед пристигна минатата година од ПСЖ, а претходно од 2010 до 2016 година настапуваше за ППД Загреб.

На последното Европско првенство, на кое Хрватска освои сребрен медал, Степанчиќ беше еден од најдобрите ракометари и стрелци. 

Името на Степанчиќ беше поврзувано и со премин во редовите на Вардар, кој по заминувањето на Толедо и Кристопанс е во потрага по квалитетен десен бек.