Степанчиќ: Не мислиме на Македонија, Шпанија..., сега сакаме само победа над Исланд! 

Ракометната репрезентација на Хрватска, утре ќе го има својот деби натпревар на Светското првенство во Германија и Данска. 

„Коцкестите“, кои заедно со нашите момци се дел од групата Б, за прв противник го имаат Исланд, а еден од најдобрите ракометари на Лино Червар, Лука Степанчиќ вели дека во овој момент не мислат на Шпанија, Македонија..., туку само на победа над островската земја. 

„Во Минхен има многу Хрвати и сигурно ќе во голем број ќе дојдат да нè бодрат. Моментално не размислуваме на останатите натпревари и ривали, туку само за дуелот со Исланд. Првиот натпревар е секогаш клучен за подигање на самодовербата, па затоа сакаме со победа да го отвориме овој Мундијал. Исланд е квалитетен тим и нема да ни биде лесно, но ние сме подготвени за нови успеси“, рече хрватскиот бек. 

Натпреварот против Исланд е закажан за утре од 18:00 часот, додека против Македонија ќе се сретна во рамки од третото коло на 14 јануари. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0