• Зоран Мишевски

Како тактички да ѝ се спротиставиме на Полска, кои се послабите страни на селекцијата на Михаел Биглер и каде треба да ја гледаме нашата шанса вечерва пред мечот со домаќинот на 12. европско првенство во ракомет. Тоа се прашања кои деновиве сите си ги поставуваме. Веројатно стручниот штаб добро го скаутирал противникот, а со тоа ги знае и добрите и лошите страни. Бившиот селектор Стевче Стефановски смета дека Македонија има шанси, а „ахилова пета“ на полскиот тим е селекторот Биглер.
„Мислам дека Биглер може да биде нашата шанса. Тактички мислам дека полските ракометари не можат многу да нè изненадат. Физички се многу, мнигу силни, играат на месо, влегуваат во дуели и од тоа најмногу стравувам. Но сега, сите наши ракометари се спремни, се игра со еден ден со одмор меѓу мечевите во групи и верувам дека имаме енергија. Полска ќе ја игра својата стандардна 6-0 одбранбена формација, а сметам дека ние и можеме и знаеме како да ја нападнеме. Без разлика што победувавме кога Вента беше селектор, верувам дека Биглер може да биде наша предност. Само внимавајте, не смееме да го разбраниме Шмал“, смета Стефановски.
Искусниот тренер заедно со Драган Нишевиќ ја водеше македонската репрезентација на СП во Египет во 1999 година.