• Мартин Танасковски
Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, по натпреварот и убедливата победа над Словачка во баражот за СП 2027 во Скопје им честита на ракометарите за прикажаното.
„Забележавме пласман на уште едно големо Светско првенство, националниот ден на ракометот е крунисан со една победа. Радосни сме, среќни сме, мислам дека цела нација денес се радува. Одиме на првенството и ќе се бориме таму, се надевам на уште поголеми успеси и во иднина. Имаше голема посетеност на овој меч, пред мечот, видов многу убави работи, имавме еден поинаков натпревар од она што сме навикнати од претходно, една атмосфера релаксирана и убедлива победа.
Бевме фаворити пред двомечот, успеавме да го оправдаме тоа и одиме понатаму. Добивме двомеч без многу стресови, од сите минати баражи овој двомеч беше убедлив со две победи. Горди сме на играчите, го дадоа срцето на терен, одиграа тоа што се очекуваше и бараше од нив“, рече Стефанов.
Ждрепката за СП 2027 за Македонија ќе биде на 10 јуни.



