• Редакција Gol.mk
Поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер 2, Стефан Талевски, во новата година ќе добие нов клуб. По краткото искуство во Германија, битолчанецот пак е во Македонија и набрзо ќе потпише за нов клуб од Суперлигата.
Средниот бек кратко настапуваше за Цвикау од Германија, клуб каде што играат Дарио Петровски и со Реваз Чантурија. 31-годишниот Талевски скоро цела кариера ја мина во Битола, а со Еурофарм Пелистер 2 стигна до одлични резултати во периодот меѓу 2017 и 2023 година.
Со својот матичен клуб Талевски играше во Европа, се избори за место во плеј-офот и на завршниот турнир на Купот на Македонија.
За услугите на средниот бек заинтересирани се неколку клубови од Суперлигата.