Стеауа немоќна на домашен терен против разиграниот Павлетиќ и ППД Загреб

Стеауа

Во Романија се одигра последниот меч од 11. коло во рамки од регионалната СЕХА лига, а во истиот, хрватскиот првак ППД Загреб се радуваше на гости кај Стеауа (24-31), оправдувајќи ја улогата на фаворит.

Хрватскиот претставник, кој остана без Лино Червар на клупата, не дозволи изненадување, одигра на високо ниво и ги освои бодовите, кои му донесоа второ место на табелата, зад Вардар. 

Мечот имаше сличен тек како првото сезонско соочување во Загреб, кое Хрватите го добија со убедлива игра. Домашните ракометари немаа одговор за расположениот Павлетиќ, кој со девет гола беше најдобар поединец на теренот. Тој ја направи разликата и беше најзаслужен за победата на гостинската екипа.

Пред зимската пауза, екипите во СЕХА лигата ќе одиграат уште две кола, а натпреварувањето ќе го продолжат на почетокот на февруари наредната година.