• Иван Димовски
Германија и Холандија денеска ја креваат завесата на Светското првенство за дами кое ќе ги собере 32 селекции во петте градови во двете држави: Трир, Штутгарт и Дортмунд, како и Хертогенбош и Ротердам.
Тимовите веќе ги завршија подготовките и влегуваат подготвени во битките за светска слава. Франција ќе го брани трофејот, а Норвешка ќе бара реванш по поразот во финалето на претходниот Мундијал.
- Групи за Светското првенство:
Група А: Данска, Романија, Хрватска, Јапонија
Група Б: Унгарија, Швајцарија, иран, Сенегал
Група Ц: Германија, Исланд, Србија, Уругвај
Група Д: Шпанија, Црна Гора, Фарски Острови, Парагвај
Група Е: Австрија, Холандија, Аргентина, Египет
Група Ф: Франција, Полска, Кина, Тунис
Група Г: Шведска, Чешка, Бразил, Куба
Група Х: Норвешка, Јужна Кореја, Казахстан, Ангола
На првиот натпреварувачки ден ќе се судрат Германија и Исланд, како и Шпанија и Парагвај во првиот меч. Во вечерниот термин играат Црна Гора против Фарски Острови, а Србија ќе игра против Уругвај.
По групната фаза, најдобрите три селекции од секоја група ќе се спојат во четири нови групи, а по две од нив ќе обезбедат четвртфинале. Осумте најслаби тимови ќе играат во Президент Куп за пласман од 25 до 32 место, додека позициите од 5 до 24 место ќе се определат според учинокот во главната рунда.
Финалниот викенд ќе се игра во модерната „Ахој Арена“ во Ротердам.