Стартува женската ракометна ЛШ со само една Македонка

Стартува новата сезона во женската Лига на шампиони во ракомет. Со двата натпревари во 16:00 часот, се крева завесата во новата кампања, каде што одново Вајперс Кристиансанд ќе ја брани титулата. 

Токму со нивниот натпревар против Хернинг-Икаст, како и дуелот на Ференцварош со Мец се отвора сезоната. Единствениот дебитант во елитата е екипата на Заглебје Лубин од Полска, додека кам-бек имаат Битигхајм, Хернинг и Дебрецен. 

Македонија, која веќе неколку сезони нема претставник во европската елита, сега ќе биде претставувана од една ракометарка. Станува збор за Ива Младеновска која летово направи трансфер во француски Брест Бретањ. 

Групи во Лигата на шампионките (ж):
Група А: 

Битигхајм, Оденсе, Ѓер, Будуќност, Дебрецен, Савехоф, ЧСМ Букурешт, Брест Бретања

Група Б: 
Вајперс Кристијансанд, Мец, Крим Меркатор, Рапид Букурешт, Ференцварош, Есбјерг, Хернинг-Икаст, Заглебје Лубин