Стартува женската ЛШ: Две репрезентативки и една нашинка во елитата

Стартува женската ракометна Лига на шампиони, титулата ќе ја брани унгарски Ѓер, а Македонија ќе има две ракометарки во елитното друштво кои се репрезентативки, со уште една која е родена во Скопје.

Унгарскиот ракометен гигант и оваа година важи за фаворит за тронот. Зад своето име Ѓер има шест титули. Околу нашите ракометарки, во Лигата на шампионите ќе играат Сара Ристовска со Рапид Букурешт и Ива Младеновска со француски Брест.

Интересно е што имаме и трета ракометарка која е родена во нашата земја, но настапува под знаме на Норвешка. Се работи за Тина Абдула, 26-годишно десно крило кое е дел од Сторхамар. Тина е родена во Скопје на 20 септември 1997 година.

Статистички, од нашите репрезентки Ива Младеновска е меѓу најмладите ракометарки. На листата таа е на осмото место, има само 17 години.