Стартува најквалитетната светска ракометна лига со четворица Македонци

Најквалитетната светска ракометна лига, тоа е Бундеслигата, од денес ја стартува новата сезона. Можеби во поинаков лик поради коронавирусот, но, сепак, спортистите ќе истрчаат на терен и ќе се борат за подобро место во германскиот ракомет.

Бранител на титулата е Кил, кој лани во прекинатата сезона беше лидер пред Флензбург. Третото место му припадна на Магдебург, додека четвртопласиран беше Хановер.

Оваа сезона ќе има четворица Македонци во германската елита. Филип Кузмановски се враќа во составот на Хановер по ситната повреда и ќе биде во комбинација за настап во првото коло. Неговиот тим има најголеми амбиции од сите во чии редови има наши ракометари.

Во Бундеслигата од нашата земја ќе играат уште Жарко Пешевски (Штутгарт), Мартин Томовски (Лудвигсхафен) и Филип Миркуловски, со двојна улога во Вецлар

Шампионатот се отвора од 19:00 часот со дуелите Хановер - Минден, Лајпциг - Лудвигсхафен, Лемго - Кобург и Магдебург - Бершигер.