Стартува европскиот ракометен крем: Еве ги фаворитите за славата во Келн

Денес почнува уште една сезона во Лигата на шампионите во ракомет, со Вардар 1961 и Манасков и Митревски како македонски претставници. Натпреварувањето преполно со ѕвезди нуди многу пречки до Келн, местото каде се крунисуваат најдобрите. 

Македонскиот првак е целосно изменет, наместо Алушовски дојде Вујовиќ, а улогите на Дисингер, Чушиќ, Калараш, Јотиќ ги зазедоа Кудуз, браќата Њокас, Тото. Целта на вардарци веројатно е осминафинале, иако оптимисти претседателот Михајловски најави четвртфинале.

Митревски е незаменлив во Порто, освои три домашни трофеи, а ланската одлична сезона за малку не ја заокружи со четвртфиналето на Лигата на шампионите (несреќна елиминација од Алборг). Најголени опции за европска титула од македонските адути има Дејан Манасков, кој веќе еднаш беше со Веспрем во Келн, па сега сака во најмала мера да го повтори тој успех.

Еве ги главните фаворити за освојување на европската титула:

Кил:
Претпоследниот европски шампион е посилен за Австриецот Микола Билик, кој долго време беше повреден, но сега пак е фит и му дава на тренерот Јиха уште една алтернатива на позицијата лев бек. Екипата која ги има Дувњак, Сагосен, Зарабец, Вајнхолд, Ландин заслужува да биде прв фаворит за трофејот во Лигата на шампионите. 

Веспрем:
Унгарскиот тим претрпе многу промени по загубената титула од ПИК Сегед минатата сезона. Екипата ја води Момир Илиќ, а заминаа ракометари како Мораеш, Маркусен и Борозан. Костурот е и натаму оној шампионскиот мод СЕХА-изданијата, но за европска круна потребно е многу повеќе.

Барселона:
Новата ера без Хавиер Пасквал во Барса почна со тешко освоен АСОБАЛ Суперкуп. Без Палмарсон и Раул Ентрериос, но со свежа крв и нов систем на новиот тренер Ортега, Барса пак е еден од најголемите фаворити за сите титули. Француско-словенечката врска, надополнета со неколку шпански репрезентативци многу ветува и во иднина. Французинот Мелвин Ричардсон и Египќанецот Али Зеин треба да бодат најголеми засилувања. 

Киелце:
Полскиот првак е „темпирана бомба“ и може секого да победи, но и од секого да биде елиминиран. Душебаев го има ланскиот состав, засилен со Наи од ПСЖ. Комплетен рез се очекува догодина, за кога клубот ги договори Ремили, Скубе и Кунку. 

ПСЖ:
Раул има нова шанса да донесе европска титула во Париз, но сега му се даваат помали шанси, со оглед на тоа што Никола Карабатиќ е година повозрасен, а Хансен најави заминување во Алборг. Од заминувањарта впечатливо е што Наи ја напушти татковината и замина во Полска. Клубот не доведе големи засилувања и само го договори Паличка од 2022 година. Сезонава ќе биде веројатно фаворит од сенка во Лигата на шампионите што може многу повеќе да му одговара од теренот на прв фаворит во минатото. 

Сигурно најзасилен од останатите тимови од Алборг со Арон Палмарсон, Монпелје го доведе Паниќ, ППД Загреб се потпре на ветераните Чупиќ, Муса, Гојун, а ПИК Сегед пак купуваше од Веспрем и го доведе Тонесен.

Завршниот турнир на Лигата на шампионите ќе се игра во „Ланксес Арена“ во Келн на 18 и 19 јуни 2022 година.