• Иван Димовски

Куманово ги „запали“ моторите и означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Новиот тренер Аце Станковски го означи официјалниот почеток на новата етапа во клубот со првиот тренинг. Целите на Куманово ќе бидат високи за новата сезона во Суперлигата, бидејќи од клубот најавуваат борба за место во плеј-офот.
Костурот од минатата сезона во Куманово е задржан, а пристигнаа проверени имиња како Тоше Ончев, Ацо Стојков, Виктор Трифуновски.
Кумановци ќе се подготвуваат за новата сезона во својот град, а планирани се и неколку пријателски натпревари.
