• Горан Упале

Српскиот ракометен репрезентативец, Немања Илиќ постигна снаодлив гол на натпреварот од француската лига помеѓу Кретеј и Тулуз.
Откако ја погоди пречката од линијата од седум метри, топката се врати во поле, а потоа одличното чувство на српскиот ракометар дојде до израз. Противничкиот голман тргна по топката, но Илиќ скокна и во одбојкарски стил ја смести топката во мрежата на Кретеј.
- Голот на Илиќ против Кретеј:
Dis @ilicnemanja19, c'est volley ou du hand que tu nous fais là ?? pic.twitter.com/qNiwDCDWrn
— Lidl Starligue (@LidlStarligue) April 4, 2021
30-годишниот Србин долги години ги брани боите на Тулуз, а пред две сезони го имаше својот најголем предизвик во кариерата, откако краток период го носеше дресот на Барселона.