Српските ракометарки ќе добијат нов селектор

Женската ракометна репрезентација на Србија е во потрага по нов селектор. Имено на последната седница на ракометниот сојуз на Србија, со еден воздржан и сите останати против беше изгласана недоверба на актуелниот селектор Саша Бошковиќ. На клупата на Србија Бошковиќ седеше од 2011 година.

До изборот на нов селектор репрезентацијата ќе ја водат најдобрите српски ракометарки. Од ракометниот сојуз најавија брзо решение и наоѓање на нов селектор, кој на подолг период би ја водел српската репрезентација.

Србија следните натпревари ги има на 13. март, кога во натпревар од квалификациите за ЕП во Шведска,игра против Чешка