Српскиот селектор го напушта Шартр на крајот од сезоната

Според француските медиуми, Тони Џерона и францускиот Шартр ќе се разделат на крајот од сезоната 2022/23. Продолжување на соработката нема да има, а шпанскиот стручњак кој седна на оваа клупа во летото 2019 година ќе го заврши својот четиригодишен мандат, во кој Шартр стана стабилен прволигаш, за разлика од претходниот период кога беше постојано на релација меѓу Прва и Втора лига.

Со Шпанецот на клупата, во претходните три сезони, Шартр двапати заврши десетти и еднаш единаесетти во шампионатот на Франција. Оваа сезона на табелата моментално е дванаесетти. Џерона, кој со селекцијата на Тунис беше африкански шампион, а со катарскиот Ел Џаиш ги освои сите можни титули во Катар и во азискиот ракомет, на клупата на српската репрезентација седи од јуни 2020 година.

Шартр е клуб кој има две титули од Струшкиот турнирот и една од ТВ турнирот на шампионите во Добој.