• Мартин Танасковски

Српскиот шампион Војводина остана без главен тренер, откако Борис Ројевиќ реши да поднесе оставка по поразот од Порто со 20-29 на стартот од главната фаза во Европската лига на ЕХФ.
Одлуката на поранешниот селектор на српската репрезентација, кој со Војводина освои голем број трофеи во изминатите пет години, доаѓа по 20 освоени трофеи со ракометниот колектив од Нови Сад.
Војводина сезонава освои две титули, тоа се Суперкупот и Сесрпскиот куп, но следеа два порази од Партизан во српската Суперлига.