• Горан Упале

Младиот и перспективен десен бек Урош Митровиќ во иднина ќе биде член на Вардар. 20-годишниот српски бек во Македонија доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и Австрија. Во Вардар треба да остане најмалку до јуни 2027 година.
Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и играше и во квалификациите за ЕП 2026 година. Настапувал и за младинските селекции на Србија. Во моментов е дел од тимот на Тулуз. Играше и во Европската лига каде екипата стигнаа до главната фаза.
Пред да замине за Франција, една сезона играше во Австрија во екипата на Брегенц и една сезона во Висла Плоцк во Полска. Во Србија настапувал за Врбас и Црвенка.
Сезонава играше на вкупно 39 натпревари во различни категории (клуб и репрезентација) и постигна 34 гола.