ВИДЕО: Српски голман како Роки Балбоа – доби ТРИ удари во низа, директно во глава!

Српскиот репрезентативен голман Никола Чировиќ повторно се најде во фокусот на вниманието затоа што на натпреварот против Тунис доби неверојатни три удари во главата, во една акција.

Тунижаните при една контра двапати шутираа, па двапати го погодија голманот во главата. Судиите поради контакт покажаа пенал, а исто така и од седмерецот, Чировиќ беше погоден во главата.

Тоа беше капката која ја прели чашата, па аргентинските арбитри му доделија црвен картон на Тунижанецот кој го изведе ударот од седум метри.

>>> ВИДЕО: Српски голман доби директен удар во главата, Исланѓанецот испратен на трибини!

Интересно, Чировиќ доби удар во главата и на натпреварот против Исланд, исто така од седум метри, а српските медиуми се шегуваат на негова сметка, па поради издржливоста му го дадоа надимакот Роки Балбоа.