Српски легенди ќе му помагаат на Џерона во репрезентацијата

Тони

Српската ракометна репрезентација доби нов стручен штаб кој ќе го предводи првиот тренер Тони Џерона.

Шпанецот ќе добие помош од Жикица Милосављвиќ, Борис Ројевиќ, Димитрије Пејановиќ и Предраг Рајковиќ. 

„Многу е важно да имате луѓе како Жикица и Димитрије во стручниот кадар. Тие знаат како функционира репрезентацијата, тие знаат како дише соблекувалната, имаат искуство од големи натпреварувања, па нивното знаење и искуство ќе бидат многу корисни“, рече српскиот селектор.

Улогата на помошници ќе ја извршуваат легендарните ракометари Милосављевиќ и Ројевиќ, тренер на голманите ќе биде Пејановиќ, а Рајковиќ ќе биде фитнес тренер на репрезентацијата.