• Саше Љолес
Звонимир Срна и неговата Хрватска се изборија за херојски триумф над Исланд на Европското првенство, со кој „каубоите“ останаа во игра за пласман меѓу четирите најдобри селекции.
Високиот ракометар на францускиот Монпелје изјави дека е пресреќен за победата и најави уште поголема борба во клучните натпревари на континенталниот собир.
„Во првото полурвеме бевме одлични, бевме полетни и водевме. Во вториот дел се мачевме, имавме резултатски притисок и психички беше тешко да го сочуваме водството. Се надевам дека Мартиновиќ не е сериозно повреден. Им реков на момците дека оваа победа е за Шипиќ, кој денес стана татко, и оваа победа му ја посветуваме нему.
Во вториот дел нашиот договор беше да не им даваме топки в раце. Никако да не правиме технички грешки, макар имале и предолги напади. Стресно беше денес, но се навикнавме на вакви мечеви. Секој натпревар е тежок, секој натпревар ни е финале и мора така да се однесуваме“, изјави Срна.
Следен противник на Хрватска во главната фаза на Европското првенство ќе биде селекцијата на Швајцарија.



