• Горан Упале

Екипата на Радовиш забележа уште еден пораз во домашниот шампионат, но во Автокоманда во погон фрли уште еден талент од својата школа.
Суперлигашот веќе подолго време им посветува особено внимание на своите надежи, а на синоќешниот натпревар со Алкалоид свое деби имаше младиот средношколец Александар Ѓоргиев. 16-годишниот ракометар веднаш доби шанса да се запише во листата на стрелците и тоа го искористи на најдобар можен начин, совладувајќи го Галевски од линијата за седум метри.
На тој начин Ѓоргиев стана најмладиот стрелец во историјата на Радовиш. Инаку, натпреварот во Скопје заврши со победа на домашниот тим од 45-25.

