Србите бираат нов селектор, Борис Ројевиќ е во пол-позиција

Ракометната репрезентација на Србија е пред промоција на наследникот на Тони Џерона, кој замина од селекторското столче. 

Според најавите, нов предводник на Србите ќе биде Борис Ројевиќ. 44-годишниот стратег со успех ја води Војводина, со тимот од Нови Сад го освои ЕХФ Купот, а оваа сезона игра меѓу шеснаесетте најдобри во Европската лига. 

Одлуката не е донесена, меѓутоа се очекува во наредните денови Управниот одбор на Ракометнито сојуз на Србија да го потврди Ројевиќ како нов селектор. Инаку, Ројевиќ веќе беше дел од стручниот штаб на Џерона за време на Европското првенство во 2022 година, добро ги познава ракометарите и се очекува да биде добро решение за нов предводник на Србија.