• Саше Љолес
Женската репрезентација на Србија доби нов селектор, а тоа е Норвежанецот Бент Дал, кој важи за искусен стратег и се очекува да ги подобри резултатите на националниот тим.
Дал добива договор со важност до крајот на квалификациите за Европското првенство, со можност истиот да биде продолжен на уште две години. Србинките се подготвуваат и за баражот за Светското првенство, каде ќе се соочат со селекцијата на Словенија.
Бент Дал има големо искуство и ги предводеше Опсал, Скрим и Халвард, а беше и селектор на италијанската репрезентација. Норвежанецот забележа одлични резултати како тренер на унгарскиот Шиофок, како и за време на престојот во романската Валчеа.