Ракометниот клуб Партизан се наметнува како еден од најамбициозните проекти во регионот, привлекувајќи внимание не само во српската, туку и во европската ракометна јавност. Со доаѓањето на селекторот на Србија, Раул Гонзалес, поранешен европски шампион со Вардар во 2017 година и повеќекратен освојувач на француското првенство со Пари Сен Жермен, амбициите на „црно-белите“ значително пораснаа.