Србија во ЕУРО премиерата ја победи Словенија во драматичен финиш

Балканскиот дуел помеѓу Србија и Словенија го означи стартот на женското ракометно Европско првенств во Шведска, а како победник по крајот на мечот кој се играше во рамки на групата А во Стокхол е селекцијата на нашиот северен сосед, Србија со резултат од 36-34.

Србинките добро влегоа во мечот, па така во 13. минута поведоа со +4 (9-5), но и тука застанаа. Во продолжение селекцијата на Словенија се разигра, па на две минути пред истекот на првото полувреме направи комплетен пресврт и поведе со 15-16. Сепак националниот тим на Србија во последната минута даде два гола и направи повторно пресврт за предност од 17-16 на паузата.

Стартот на второто полувреме донесе нов пресврт, па така Словенија со серија од 0-3 поведе со 17-19. Како и во најголем дел од мечот во средината на вторите 30 минути од натпреварот следеше нов пресврт и водство на Србија од највисоките до тој момент +4 (28-24). На пет минути пред крајот на мечот со голот на Ирмин националниот тим на Словенија израмни на 32-32, но немаше сили за нов пресврт, па така на победата се радуваа избраничките на Драгица Ѓуриќ со резултат од 36-34.

Прво име во победничката екипа на Србија со 9 постигнати гола беше Сања Радосављевиќ, додека стрелци на по 6 погодоци беа Крпеж и Поп Лазиќ. Во поразениот тим најефикасна со 9 гола беше ракометарката на Вардар, Тамара Мавсар.