• Горан Упале
Ракометната селекција на Унгарија, која што ќе биде една од ривалите на Македонија на претстојното Светско првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, вечерва ги одмери силите со подмладената Србија и ремизираше со 31-31.
„Орлите“ покажаа дека имаат голем потенцијал и ја ставија на неволја моментално петтата репрезентација во Европа. Избраниците на привремениот селектор Далибор Чутура со преголем респект го започнаа мечот против фаворитите и на средината на првото полувреме имаа пет гола разлика (13-8), но успеаја да направат пресврт пред паузата (16-15).
Во неизвесна завршница и двете селекции можеа да триумфираат, а на крајот Унгарија со голот на Мате избегна пораз во ова соочување.
Вања Илиќ беше најефикасен кај Србија со шест гола, еден помалку постигна Симо Шијан. Браќата Бенце и Жолт Краковски постигнаа по пет гола за Унгарците. Истите селекции за два дена во Сегед ќе одиграат уште еден контролен натпревар.