Србија освои бод против Данска и ќе се бори за пласман на ЛОИ

Репрезентацијата на Србија обезбеди посакувано реми во дуелот со Данска (26-26) и ќе се бори за седмото место на Светското првенство во Јапонија, кое носи пласман на Летните олимписки игри наредната година.

Србинките постојано имаа водство, но во завршницата мораа да бркаат негатива. Скандинавската репрезентација се врати во игра со одличниот втор дел и поведе 25-26 на една минута до крајот. Лисчевиќ изамни на 20 секунди до крајот, а Хансен не го искористи последниот напад за победа, погодувајќи ја само стативата од српскиот гол.

Поп-Лазиќ со шест гола беше најдобар стрелец во српскиот национален тим, а Јоргенсен парираше на спротивната страна со идентичен учинок.

Домаќинот Јапонија ја победи Романија (37-20) и запиша утешни бодови за крај на шампионатот.