• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Србија заврши работа уште на првиот натпревар и со убедлива победа над Литванија () си обезбеди мирен реванш во првата фаза од баражите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2027 година.
„Орлите“ на Раул Гонзалез демонстрираа сила и заслужено го победија ривалот. Во втората фаза, ги чека двомеч со Унгарија. Прв стрелец кај Србија беше Пешмалбек со десет гола, го следеше вардарецот Воркапиќ со пет гола, додека голманот Милосављев имаше страшен меч со 21 одбрана.
Црна Гора исто така беше убедлива на гостувањето кај Финска со 36-32 и веќе гледа кон следната рунда. Слично издание покажаа и Романците, кои на гости ја победија Турција со 37-32 и ќе играат нов бараж за мундијалско место.
Израел исто така дојде до победа на гости кај Грузија (32-29), како и Полска на гостувањето кај Летонијa (33-24). Убедлива беше и Босна и Херцеговина во соочувањето со Косово (34-21).




