• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Србија забележа голем успех и со домашна победа над Шпанија (27-25) зачекори кон настап на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2026 година.
„Орлите“ одиграа егал меч со ривалот, а разликата која ги вивна кон победата ја направија во вториот дел кога од 21-21, успеаја да се одлепат на 25-21 и константно го држеа водството, иако Шпанците во неколку наврати беа на минус еден.
Најдобар стрелец на мечот беше Немања Илиќ заедно со Лазар Кукиќ, двајцата дадоа по пет гола, додека Матеја Додиќ и Драган Пешмалбек имаа по четири гола, Кај Шпанија, Сердио Гунтин имаше четири, а Душаебав три гола.
Изненадување направи Австрија, која ремизира со Германија (26-26). Важен бод освои и Полска против Португалија (36-36). На останатите натпревари, Грузија беше подобра од БиХ (28-26), додека Финска тесно ја победи Словачка (22-21).
ФОТО: Anze Malovrh / kolektiff