Србија ја разби Грција во Зрењанин и гледа кон ЕП 2022

Ракометната репрезентација на Србија славеше над Грција (31-21) и зачекори кон место на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2022 година.

„Орлите“ по двете одлични натпревари против Франција, одиграа доминантно против хелените и го запишаа посакуваниот резултат на домашен терен во Зрењанин. Тони Герона ја препороди репрезентацијата, Србија лесно си ја заврши работата и дојде до втората победа.

Ова беше трет дуел за нашиот сосед во последните осум дена, а најдобар кај стрелците беше Радивојевиќ со осум постигнати гола, пред Марсениќ и Кукиќ со по пет реализации. Кај Грците најдобар беше Милонас со шест гола.

Во следната квалификациска рунда која се игра во април, Србите гостуваат кај Грција. Моментално се лидери со две победи и едно реми.