Србија ги задржа шансите за ЕП, Косово приреди сензација против Полска

Ракометната репрезентација на Србија ги задржа шансите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година откако во претпоследното коло ја совлада Белгија (26-37) и во последните дуели ќе се решава судбината на „орлите“.

На Србија и беше потребна победа, како и триумф на Хрватска над Швајцарија, што се оствари. Србите одиграа максимално дисциплинирано, убедливо славеа над аутсајдерот, па сега со директен дуел против Швајцарија на домашен терен ќе решаваат кој ќе оди на ЕП како втор во групата.

По ремито на Грција и Исланд, сензација приреди и Косово, кој на домашен терен одигра реми со фаворитот Полска (23-23). Косовците беа на прагот да победат, слично како и Грција, водеа со два гола во финишот (23-21), но Полјаците се спасија од тотален дебакл. Во последното коло Полска во директен дуел со Израел ќе одлучува кој ќе игра на ЕП.

Босна и Херцеговина направи чекор назад во битката за ЕП 2020 затоа што загуби од Белорусија (25-31) и сега е третопласирана. И БиХ и Белорусија имаат по шест бода, меѓутоа Босанците гостуваат кај лидерот Чешка, а Белорусија игра со аутсајдерот Финска.

На останатите мечеви Чешка победи кај Финска (24-26), Унгарија минимално беше подобра од Словачка (21-20), Данска со три гола славеше кај Украина (30-33), а Германија го декласира Израел (40-25).

Триумф забележаа и Македонија, Летонија и Хрватска, кои веќе се на Европското првенство. Историја слави Летонија, која ќе игра за првпат на собирот во историјата.