• Мартин Танасковски
Познати се уште пет патници во мундијалскиот бараж, тоа се селекциите на Србија, Босна и Херцеговина и Полска.
Србија на Раул Гонзалез по убедливиот натпревар на домашен терен, беше сигурна и во реваншот во Литванија каде славеше со резултат 33-24. Србите во баражот за СП 2027 ќе играат против Унгарија.
Место во слендата фаза обезбеди и Полска, која доминираше со Летонија и пред својата публика исто така славеше со 33-25. Косово ја победи БиХ на домашен терен во Приштина со 33-29, меѓутоа испадна заради поразот во првата средба. Во следната рунда оди и Црна Гора која беше подобра од Финска (30-26).
Голем шок доживеа Романија, која со 37-32 ја совлада Турција пред својата публика, ама на гостински терен загуби со 37-31 и затоа што беше пократка за гол, испадна во првата фаза од баражот за СП.
Претходно, следна фаза во баражот обезбеди и Словачка која ќе игра против Македонија.




