Србија безмилосна кон Куба, први бодови за „лалињата“

Србија Куба

Српската репрезентација очекувано ја совлада Куба (27-46) и ја запиша втората победа на Мундијалот во Јапонија.

Убедливото издание во првиот дел им овозможи на избраничките на Љубомир Обрадовиќ да имаат рутински втори 30 минути. Којиќ, Пол-Лазиќ и Радосављевиќ постигнаа по шест погодоци во денешната шутерска егзибиција и се издвоија кај победничката екипа.

Деби триумф на Светското првенство оствари Холандија против Ангола (28-35). По стартниот пораз, холандските ракометарки одиграа на посакуваното ниво и ги прокнижија првите бодови. Лоис Абин беше најрасположена за игра, постигнувајќи дури 11 гола во кубанската мрежа.

Русија покажа дека е апослутен фаворит во групата Д со денешното поигрување против Аргентина (22-35). Нападот на „зборнаја“ шутираше со над 70% успешност, па прашањето околу победникот во ниту еден момент не беше доведено во прашање. Олга Гошенина со пет реализации беше прво име меѓу Русинките.