ВИДЕО: Срамен потег на Марко Ласица – плукаше кон навивачите на Македонија!

Ласица

Марко Ласица го расипа впечатокот кој го остави Црна Гора во победата над Македонија во второто коло од Европското првенство.

По крајот на мечот, црногорскиот ракометар им пријде на нашите навивачи и направи неспортски потег. Тој плукна кон делот каде што беа сместени македонските фанови, што наиде на голема осуда. Тоа беше потег кој не смееше да го искористи 33-годишникот, за да одговори на провокациите од трибините.

Црногорците со победата останаа во игра за пласман во следната фаза. Македонија, пак, ќе игра за чест против еден од фаворитите за златниот медал, Данска.