Спортинг во Германец ја пронајде замената на вардарецот Вујин

Екипата на Спортинг го претстави своето најново засилување во своите редовите, откако го договори потписот со искусниот бек Јенс Шенграт.

31-годишниот германски ракометар игра на позицијата десен бек и во португалскиот гигант доаѓа како замена за Марко Вујин, кој ова лето се реши за нов предизвик во кариерата и потпиша за актуелниот европски шампион Вардар. 

Шенграт e поранешен германски репрезентативец и ракометар кој цела своја кариера ја мина играјќи во Бундеслигата, па сигурно ќе биде од големо значење за амбициите на Спортинг во новата сезона, во која покрај во домашниот шампионат ќе се натпреварува и во новоформираната Европска лига.

Негов последен клуб во Германија беше Хамбург, а претходно настапуваше уште за Магдебург, Мелсунген, Гопинген...