Од Спортинг со пофалби: „Металург е храбар тим и клуб-херој!“

Спортинг Лисабон го победи Металург во Скопје (24-31) и со посакуван полн плен си заминува дома. По мечот, тренерот Хуго Монтеиро им честита на ракометарите на Металург за добрата игра и истакна дека овој клуб заслужува комплетен респект, за отпорот кој го дал на оваа средба.

„Би сакал да му честитам на Металург, се работи за еден храбар тим кој играше два тешки меча во неполни 24 часа. Тоа е херојски, младите ракометари дадоа голем отпор и покажаа голема борба. Честитки за тренерот Брестовац за се што прави со овој тим. Што се однесува до мечот, почнавме лошо, промашувавме шутеви од шест метри. Имавме проблеми во одбраната. Но, потоа поради подобрата физичка подготвеност се подобривме и го свртвиме мечот во наша полза. Нашата одбрана во вториот дел се подобри и затоа дојде успехот“, изјави Монтеиро.

По мечот во име на португалскиот тим зборуваше и Матјаж Скок, словенечкиот репрезентативец кој мечот го заврши со 15 одбрани.

„Оваа екипа на Металург заслужува тотален респект. Одиграа два меча на високо ниво. Мора да се почитува, затоа што се работи за млада и борбена екипа. Го покажаа тоа на теренот. Ние иако победивме, треба да се замислиме. Металург нема услови како ние во Спортинг. Но, на сите им покажаа како се бори за својот клуб, само така овој тим може да оди нагоре и верувам дека од меч во меч ќе биде се подобро“, изјави Скок.

Спортинг во Лигата на шампионите по седум кола е на второто место и има 10 бода, исто колку и лидерот Силкеборг, кој е со меч помалку.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СилкеборгСилкеборг 7 6 0 1 232:186 46 12
2 СпортингСпортинг 7 5 0 2 209:189 20 10
3 Татран ПрешовТатран Прешов 7 5 0 2 192:177 15 10
4 БешикташБешикташ 7 2 0 5 177:203 -26 4
5 Чеховски МедведиЧеховски Медведи 7 2 0 5 181:193 -12 4
6 МеталургМеталург 7 1 0 6 171:214 -43 2