• Иван Димовски
Ракометната Европска лига на ЕХФ е до второто коло во главната фаза, а тоа понуди едно големо изненадување.
Екипата на Спортинг минимално слави против бранителот на тронот Фуксе Берлин (31-32). Среде престолнината на Германија португалскиот колектив успеа да се врати од шест гола дефицит на полувремето (19-13) и со одлично продолжение го презедоа врвот во групата 4. Во оваа конкуренција Динамо Букурешт славеше против ЦСМ Констанца (33-23).
Убедливи победи запишаа фаворитите Флензбург во Нови Сад кај Војводина (26-36), како и Нант против Забрзе (31-23). Минимален триумф обезбеди Рајн Некар Левен во германското дерби со Хановер (27-26), Силкеборг беше подобар од Кадетен (36-30), Горење и Нексе ремизираа (27-27) и Скјерн слави кај Савехов (27-29).