• Зоран Мишевски
Напнатиот натпревар меѓу ПИК Сегед и Спортинг Лисабон од третото коло на Лигата на шампионите во ракомет заврши со нерешен резултат (35-35).
Домаќините имаа предност во поголемиот дел од средбата и водеа со два гола на полувремето, но португалскиот шампион Спортинг одигра силно во завршницата и успеа да избори реми. Најдобар стрелец беше Марио Шоштариќ од ПИК Сегед со единаесет погодоци, а браќата Коста заедно постигнаа 16 од 35 голови за Спортинг.
Поранешниот вардарец Дмитро Хорига погоди 14 секунди пред крајот и донесе рени за унгарскиот вицешампион (35-35).
По драматичното реми португалскиот шампион остана на врвот, додека борбата за првите две места кои водат директно во завршницата станува уште поинтензивна.

