• Саше Љолес

Екипата на Спортинг од Лисабон приреди изненадување и го совлада Фуксе Берлин во мечот од четвртата група на Европската лига, славејќи со конечен резултат 32-38.
Португалскиот состав уште во првото полувреме покажа дека е расположен за игра, но Фуксе успеа да извлече нерешен резултат на паузата, 17-17. Сликата во второто полувреме значително се промени, а Спортинг заигра многу подобро и во завршните минути успеа да го обезбеди големиот триумф со кој се израмнуваат со Германците на табелата.
Спортинг го доби вториот дел со 15-11, а на крајот конечната победа беше изразена со резултат 32-28. Најефикасен во победничкиот состав беше Мартим Коста со девет голови, а Исланѓанецот Торкелсон додаде еден помалку, додека кај Фуксе Берлин се истакна Данецот Гидсел, кој запиша седум погодоци.
Екипата на Нексе славеше над словенечкиот Горење со убедливи 34-27 во мечот од групата 2, Рајн Некар Левен извојува гостинска победа кај Хановер со 24-32, додека полскиот Забрзе беше поразен на домашен терен од Нант со конечни 22-31.