Спортинг доведе супер-засилување за ЛШ: Марко Вујин ќе дебитира против Еурофарм

Вицешампионот на Португалија и противник на македонскиот вицешампион Еурофарм Работник во Лигата на шампионите значително се засили, откако потпиша договор со Србинот Марко Вујин.

По една деценија мината во дресот на Кил, десниот бек го прифати предизвикот и ќе соработува со Тјери Анри, кој од оваа сезона се пресели во Португалија. 

Вујин потпиша договор на една сезона и со своето искуство ќе му биде од голема помош на клубот од Лисабон. Пред да дојде во Кил и да ги освои сите можни трофеи, 34-годишниот Вујин настапуваше за Синтелон, Дунафер и Веспрем. 

Португалците в сабота пристигнуваат во Битола, а в недела на дебито на Вујин ќе се сретнат со Еурофарм Работник во спортската сала „Боро Чурлевски“. Спортинг е состав на кој му се даваат најголеми шанси во Ц групата на Лигата на шампионите. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 1 2 2 0 0 59:42 17 4
2 СпортингСпортинг 1 2 2 0 0 62:53 9 4
3 СавехофСавехоф 2 2 2 0 0 55:49 6 4
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 2 0 0 2 53:55 -2 0
5 Татран ПрешовТатран Прешов 2 0 0 2 47:57 -10 0
6 КоксКокс 2 0 0 2 44:64 -20 0