Според данската легенда Кузманоски е најдобриот македонски ракометар на ЕП

Данската легенда Расмус Бојсен за време на Европското првенство во Унгарија и Словачка беше еден од најактивните ракометни работници на социјалните мрежи, а по спектакуларното финале меѓу Шведска и Шпанија, направи список на најдобри играчи на шампионатот од секоја селекција.

Според Бојсен, најдобар настап од македонската селекција имаше младиот Цветан Кузманоски. Левото крило на Еурофарм Пелистер 2 имаше фантастично деби на континенталните собири и против Словенија одигра без грешка, со осум постигнати поени. 

Тој ја преземаше одговорноста и од линијата од седум метри, а беше ефикасен и од својата позиција. Турнирот го заврши со вкупно 15 гола и по првата групна фаза се најде на третото место на листата најдобри стрелци за ракометари под 22 години.

  • Погледнете го изборот на Бојсен за најдобри ракометари од секоја селекција: