ФОТО: Спокој и концентрација пред Норвешка за момците на Обрван

Македонските ракометари на тренинг

Македонската ракометна репрезентација го започна процесот на физичко и ментално рекуперирање во пресрет на последните два меча од главната фаза во Краков на европското првенство во ракомет. Попладневниот тренинг од 18.00 часот беше најспокоен до сега, без присуство на новинарите, со многу концентрација и со една мисла во главата, Норвешка.

Не само поразот од Хрватска, туку и начинот на кој се дојде до него видно ги погоди ракометарите и тоа може да се види на нивните лица. Тие се како едно семејство кое долго време е заедно и нема така лесно да доживее поделби.

Најважно е што повредени нема, сите тренираат со подеднаков интензитет, а вечерва ќе имаат можност да го видат следниот противник на дело. Реновираната и подмладена Норвешка веќе е повеќе од сериозна селекција и мора на тоа да се смета за време на натпреварот в понеделник.