Список полн ѕвезди: Врањеш одбра 35 ракометари за ЕП

Ракометната селекција на Словенија е една од пречките на Македонија во групната фаза од претстојното Европско првенство, кое во јануари следната година ќе се одигра во Унгарија и Словачка.

Селекторот на репрезентацијата која што на последниот континентален собир имаше фантастичен настап и играше во полуфиналето, Љубомир Врањеш, денес го објави првиот список, од кој подоцна ќе ги селектира со кои ракометари ќе настапи на Европското првенство. На поширокиот список на Врањеш се најдоа вкупно 35 ракометари, од кои повеќето се врвни играчи и играат во големи клубови. Има и шест дебитанти, но и ѕвезди како Скубе, Бомбач, Зарабец, Јанц, Маргуч, Доленец...

Токму Словенија ќе биде нашиот прв противник во групната фаза на континенталниот собир, а тој натпревар е закажан за на 13 јануари. Претходно, Словенија ќе одигра три контролни средби, против Хрватска и два против Италија.

  • Поширокиот список на Врањеш: