• Мартин Танасковски

Женскиот ракометен суперлигаш ЖРК Деспина назначи нов тренер за новата сезона на домашната сцена.
Нов стратег на прилепчанки е Зоран Спиркоски, човек кој долги години беше дел од овој клуб и на местото секретар.
На позицијата главен тренер, Спиркоски го наследува Адријано Котевски кој има ангажман во Грција. Деспина подготовките за Првата лига ги стартува во понеделник.
