ВИДЕО: Спектакуларен дочек за светските шампиони - илјадници Данци се собраа во Копенхаген

Данска прослава во Копенхаген

Ракометарите на Данска, победникот на изминатото Светско првенство, денес прославија заедно со илјадници навивачи кои излегоја за да ги поздрават своите херои.

Големото финале донесе убедливо издание на избраниците на Николај Јакобсен, кои со високи 31-22 ја победија Норвешка и го освоија првото злато на Мундијалите. 

31-годишниот Микел Хансен беше прогласен за МВП на првенството, а беше и најдобар голгетер со 72 постигнати погодоци. 

Ракометниот свет имаше можност да види лекција по модерен ракомет од данските ракометари за сите свои противници на светскиот собир. Десет репрезентации не беа ни блиску да се надигруваат со Данска, па на крај може да се заклучи дека трофејот заврши во вистинските раце.