• Горан Упале
Еурофарм Пелистер како никогаш досега е блиску до пласман на еден завршен турнир во СЕХА лигата. Поради бројните проблеми низ кои мина регионалното натпреварува во последниот период, раководството на истото, донесе одлука битката за патниците за Ф4 собирот во Задар да биде решена со четвртфинален дуел.
Така, последниот натпревар од оваа фаза во СЕХА лигата се игра во Битола, каде на мегдан на Еурофарм Пелистер доаѓа белорускиот шампион Мешков Брест. Додека Мешков не пропуштил ниту еден финален турнир, откако се натпреварува во оваа лига (во нејзината втора сезона), Еурофарм Пелистер во четврток ќе брка историја и прв билет за место меѓу најдобрите четири екипи.
Двете екипи претрпеа значителни промени во текот на летото, што значи дека тренерите, кои исто така ќе имаат деби за СЕХА – Дмитри Тихон и Ларс Валтер, ќе имаат добра шанса да видат каде се нивните играчи во однос на формата во моментов.
Тимовите досега се сретнаа четири пати во СЕХА. Сите четири натпревари ги доби белорускиот тим, но на двата меча што се одиграа во Битола беше доста израмнето и неизвесно. Но, овој пат ќе биде многу поразлично. Пелистерци се во налет по освоениот турнир во Струга, а битолската публика со нетрпение ја очекува оваа средба. Затоа ракометниот спектакл во Битола вечерва е загарантиран.