Спектакл на ЕП во ракомет: Македонија ќе игра на фудбалски стадион

Македонската ракометна репрезентација доби исклучително тешка група на Европското првенство, кое во јануари ќе се одигра во Германија. Момците на селекторот Кире Лазаров ќе играат против Франција, Германија и Швајцарија.

Токму првиот натпревар со „триколорите“ ќе се одигра во „Меркур Шпил Арена“ во Дизелдорф, која има капацитет од 54.600 гледачи. Доколку стадионот биде исполнет до последно место, тоа ќе биде историска можност за нашите момци да настапат пред рекорден број посетители. 

Македонија ќе има многу тешка задача да остави впечаток во силната група, но со помошта на „Фалангата“, која сигурно ќе отпатува во Германија, ќе има можност во феноменална атмосфера да се претстави на континенталниот собир. Цените на билетите за првиот натпревар се движи од 26 до 112 евра, во зависност од позицијата на стадионот. Македонија очекува огромен број искрени навивачи на Европскиот шампионат. 

Останатите натпревари од групата А, нашата селекција ќе игра во „Мерцедес Бенц Арена“ во Берлин.